Главна вест денес во европскиот фудбал е суспензијата на еден од најдобрите голмани во овој момент во Европа, чуварот на мрежата на Ајакс Андре Онана.
Холандскиот клуб најави жалба до Спортскиот арбитражен суд и тврди дека Онана по грешка го земал лекот „Lasix“ кој го пиела неговата сопруга.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Објавено е дека на 30 октомври минатата година во неговата урина е пронајдена недозволена супстанца и поради тоа доби забрана за вршење било каква работа поврзана со фудбал.
Ајакс се надева дека со жалбата Онана ќе добие условна казна или пак суспензијата ќе биде намалена.
„Утрото, 30. октомври Онана не се чувствувал добро и земал таблета „Lasix“ за да му биде подобро. Случајно го земал лекот кој е препишан на неговата сопруга“, стои во соопштението од клубот од Амстердам.