После комплетирањето на денешната програма на сите подготвителни турнири кои се играат во Мелбурн пристигна информација која ги разочара сите љубители на тенисот затоа што во прашање е доведен нормалниот тек на турнирот.
Почетокот на Австралија Опен е закажан за 8. февруари, а пет дена пред почетокот се вклучи аларм.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вработен во хотелот Гранд Хијат имал позитивен тест на Ковид-19 откако се тестирал затоа што покажал симптоми. Поради тоа сега во изолација ќе бидат ставени дури 600 лица, добар дел од нив се тенисери и нивни најблиски соработници.
Од Австралија Опен објавија дека за утре се откажуваат сите активности затоаш то тенисерите одат во изолација каде што ќе останат додека не добијат негативен тест.
Health Authorities have advised us that a Hotel Quarantine worker has tested positive for COVID-19.
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 3, 2021
Those associated with the AO who quarantined at the hotel now need to be tested and isolate until they receive a negative test result.