Дома Фудбал Конечно добри вести за Зидан

Конечно добри вести за Зидан

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби добри вести на денешниот тренинг бидејќи се вратија Серхио Рамос и Еден Азар.

Белгиецот го пропушти вчерашниот тренинг поради болки во мускулите, но денес помина еден дел од тренингот заедно со своите соиграчи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Азар не можел до крај да го одработи тренингот, но неговата ситуација е подобра и се очекува наскоро да се врати на терените.

Капитенот на тимот Серхио Рамос, кој е надвор од терените уште од мечот во Суперкупот, исто така денес ги обнови тренинзите.

Сепак, Зидан нема да брза со неговото враќање на терените се до негова целосна рехабилитација и викенов дефанзивецот најверојатно нема да биде повикан за настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Роналдињо: Никогаш не сакав да бидам како татко ми

ЖОАО МЕНДЕС, син на легендарниот Роналдињо, изјави дека не го загрижува притисокот да го с…