Дома Топ вести Рома спрема „револуција“: Доаѓаат Алегри и ѕвездата на Сити

Рома спрема „револуција“: Доаѓаат Алегри и ѕвездата на Сити

Масимилиано Алегри веќе подолго време е без клуб, а медиумите тврдат дека наскоро би можел да се врати во Серија А.

Алегри со успех ги водеше Милан и Јувентус, а сега би можел да го замени Пауло Фонсека на кормилото на Рома.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Раководството на „волчицата“ веќе го контактирало Алегри, кој е спремен да каже ДА на понудата.

Италијанските медиуми тврдат дека трофејниот стратег ќе добие голем буџет за засилувања, а прва мета е напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Договорот на Агуеро истекува на лето и може како слободен агент да се пресели на „Олимпико“ бидејќи е голема желба на Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…