Вчера Вардар ја запиша втората победа оваа година откако во второто коло од СЕХА лигата во Скопје црвено-црните славеа против Нексе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сепак Вардар немаше многу време за прослава и анализа на овој натпревар затоа што веќе во четврток ги чека натпревар против Порто на гости во рамките од Лигата на шампионите.
„После тешкиот натпревар со Нексе пред тргнувањето за Португалија одработивме еден полесен тренинг. Сакавме позитивните работи од тој дуел да ни останат во сеќавање и со добра атмосфера да отпатуваме на ова гостување. Мислам дека добро работиме и го анализираме противник, но дали е така ќе видиме во четврток на натпреварот. Ќе имаме еден тренинг на португалско тло и на тој ќе ја финализираме нашата тактика и пристапот на игра. Секако дека натпреварот ќе биде тежок, Порто е како репрезентација на Португалија. Најголемата опасност се нивните бекови, се надевам ќе успееме да ги затвориме“, изјави Алушовски.