Еден од највозбудливите парови во осминафиналето од Лигата на шампионите е Лајпци – Ливерпул.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Првиот на натпревар од овој двомеч на распоредот е на 16. февруари, но како што стојат работите, Лајпциг нема да го пречека Ливерпул во Германија.
Во Германија има забрана за летови од Велика Британија која важи до 17. февруари, па тешко дека ќе се направи некаква можност Ливерпул да слета во Германија.
Според последните пишувања на германските медиуми, Лајпциг би можел да го пречка Ливерпул во Салзбург на стадионот на братскиот клуб од Австрија. Меѓутоа и тука има мал проблем бидејќи Салзбург на 18. февруари 1/16 финалето од Лига Европа ќе игра со Виљареал.
Како опција е и стадионот во Виена, како и некои во Швајцарија.