Дома Фудбал Откако беа откриени детали од договорот на Меси се огласи Барса, најави тужба

Откако беа откриени детали од договорот на Меси се огласи Барса, најави тужба

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ ја разбранува јавноста откако објави детали од договорот кој го има Лионел Меси со Барселона.

„Ел Мундо“ на насловната тврди дека има копија од договорот кој го потпишал Меси во 2017 гдоина и кој е вреден повеќе од 555 милиони евра.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Ова денес е главна вест во целиот свет, па Барселона веднаш излезе со официјално соопштение и најави тужба за новинарот.

„Барселона категорично негира било какво одговорност за објавување на овој документ и ќе преземе соодветни правни мерки против весникот „Ел Мундо“ за штетата која може да настане како резултат на оваа објава. Клубот жали што договорот е објавен јавно, затоа што тоа е исклучиво приватен документ со кој се управува начелото на доверливост помеѓу странките“, соопштија од Барселона.

Каталонскиот клуб не ја негира вистинитоста на документот, но се оградува за тоа како излегол во јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ги нападна критичарите: Идиоти кои не разбираат фудбал, а даваат мислења

Кристијано Роналдо остро одговори на критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс по…