Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко пред Војводина: Не чека не толку атрактивен, но важен натпревар за нас

Борко пред Војводина: Не чека не толку атрактивен, но важен натпревар за нас

Тимот на Вардар утре го стартува вториот дел од сезоната со натпреварот против Војводина во СЕХА лигата.

Војводина не е некој атрактивен противник, но голманот Борко Ристовски очекува еден тежок дуел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не чека еден не толку атрактивен и привлечен за јавноста, но за нас е многу важен затоа што сакаме да го започнеме овој втор дел со победа без разлика со кого ќе играме. Со оглед на корона ситуацијата и отсуството репрезентативците кои играат на СП ќе бидеме некомплетни се до еден ден пред натпреварот. Од повеќе аспекти мораме да бидеме претпазливи, нашиот пристап мора да биде максимален 100%, како што кажавме сакаме да започнеме со победа. Ќе се обидеме во овој втор дел од сезоната кој за нас ќе биде пеколно тежок да освоиме што е можно повеќе бодови, ако во Лигата на шампионите, така и во СЕХА лигата“, изјави Борко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…