Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку имаа жесток дуел во дербито одиграно во Копа Италија.
Во нивната расправија покрај физичкиот контакт имаше и многу тешки зборови. Помеѓу другото Ибрахимовиќ му дофрлил на Лукаку да оди да си ги прави своите вуду глупости. Лукаку поради тоа полудел и сакаше да се пресмета со Златан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно што Златан се сеќава на „вуду“ детал за Лукаку кој сопственикот на Евертон, Ферхан Мошири го изнесе во јавноста во јануари 2018 година.
Тој соопшти дека Лукаку во 2017 година одбил нов договор од Евертон поради „вуду“ порака која ја добил.
„Му понудивме подобар договор, неговиот агент дојде да се заврши договорот и се беше спремно. Потоа Ромелу ја побара неговата мајка. Ни кажа дека во Африка бил на вуду сесија и дека му е пренесена порака дака мора да оди во Челзи“.
Меѓутоа Лукаку го одби Челзи и заврши во Манчестер Јунајтед, а се закани и со тужба за Мошири за таквата изјава. Од тимот на Лукаку тогаш тврдеа дека одлуката на Лукаку нема никаква врска со „вуду“ магија.
Златан очигледно знаел за оваа ситуација и не ја заборавил.
Mentre da noi dormono, qui abbiamo un po’ di audio pic.twitter.com/TkeuVd2j0b
— Simone Eterno (@Simon_Forever) January 26, 2021