Дома Фудбал Репрезентации Де Лихт за групата на ЕП: Не ни е лесна, имаме респект не сакаме да бидеме изненадени

Де Лихт за групата на ЕП: Не ни е лесна, имаме респект не сакаме да бидеме изненадени

Холандската ѕвезда и дефанзивец на Јувентус, Матијас Де Лихт во интервју за „Ворлд Сокер“ зборуваше за Европското првенство каде што нашата репрезентација ќе биде во група со Холандија.

Холандија на ЕП покрај нас ќе игра во група со уште Австрија и Украина. Дуелот со Македонија популарните „лалиња“ ќе го играат на 21. јуни во Амстердам.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Мораме кон сите да покажеме респект. Мораме да имаме таков пристап ако не сакаме да бидеме изненадени. Тоа е Европско првенство и таму нема поправен, не мислам дека имаме лесна група“.

Де Лихт секако сака да игра пред навивачи.

„Не знаеме како ќе се одвиваат работите. Посебно во делот со публиката, нормално дека ние играчите сакаме да играме пред навивачи. Но сепак, безбедноста треба да биде прво место“, изјави Де Лихт.

Целото интервју на Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалскиот бара објаснување: Зошто не се појави на погребот на Жот?

Капитенот на Португал, Кристијано Роналдо, не се појави на денешниот погреб на долгогодишн…