Дома Фудбал Италија Рома спрема тренерска смена, прва желба Алегри

Рома спрема тренерска смена, прва желба Алегри

Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Рома, Пауло Фонсека е пред отказ.

Во вторникот, Рома загуби во 1/8-финалето од Купот од Специја, а Фонсека направи голем гаф и направи една измена повеќе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Резултатите на тимот во последно време не се според очекувањата, па раководството спрема тренерска смена, а „Газета дело Спорт“ открива двајца фаворити за тренерското столче.

Најголема желба е Масимилиано Алегри, кој е слободен, но бара плата од 7 милиони евра, што може да биде проблем за „волчицата“.

Како алтернатива е уште еден поранешен тренер на Јувентус, а станува збор за Маурицио Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендарниот Хрват ја откри одлуката на Лука Модриќ: “Видов дека бара стан”

Лука Модриќ сè уште нема донесено конечна одлука за продолжување на кариерата. Неколку се …