Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ кариерата ќе ја продолжи во Милано.
Манџукиќ вчера вечер пристигна во Милано и во текот на денешниот ден би требало да потпише договор со славниот клуб од „Сан Сиро“. На аеродромот во Милано Манџукиќ беше дочекан од новинари и навивачи кои му пеаа навивчки песни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Милан Манџукиќ доаѓа како слободен играч и се очекува да потпише договор на 18 месеци. Неговата задача би требало да биде да го растерети Златан Ибрахимовиќ во нападот.
🇭🇷 Mario #Mandzukic, prime immagini a Milano #Milan #calciomercato pic.twitter.com/cXdV8lxmkX
— Antonio Vitiello (@AntoVitiello) January 17, 2021