Дома Фудбал Репрезентации Огромна чест: Роналдо и Марадона ја доделија Златната топка за најдобар играч на Купот на конфедерации

Огромна чест: Роналдо и Марадона ја доделија Златната топка за најдобар играч на Купот на конфедерации

Германија го освои Купот на конфедерациите, а нејзиниот мајстор е прогласен за најдобар играч на овогодишениот турнир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот за врска на германската фудбалска репрезентација и на францускиот ПСЖ, Јулиан Дрекслер, е прогласен за најдобар играч на Купот на конфедерациите, кој заврши во Русија со освојување на трофејот од страна на Германија.

Дрекслер ја освои Златната топка предводејќи ја својата репрезентација до титулата и победа над Чиле во финалето. Златната копачка за најдобар стрелец ја доби Германецот Тимо Вернер, кој турнирот го заврши со три погодоци и две асистенции. Три гола постигнаа и неговите репрезентативни соиграчи Леон Горецка и Ларс Штиндл.

Наградата за најдобар голман, Златна ракавица, ја доби чилеанскиот голман Клаудио браво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сомнителни облози на СП: За време на турнирот се уплатени вкупно 240 милијарди долари

Меѓународното советодавно тело „Група на Копенхаген“ објави седум предупредувања за можни …