Италијанските медиуми пренесуваат дека Џанлуиџи Донарума донел конечна одлука за својата иднина, и наскоро ќе стави крај на „сапуницата“.
Иако има понуди од Реал Мадрид и ПСЖ, сепак Донарума и неговото семејство не сакаат да ја променат средината и донесле конечна одлука да потпишат нов договор со Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Донарума веќе имал состанок со Раиола и му ја соопштил одлуката, а тоа него сигурно нема да му се допадне бидејќи ПСЖ и Реал му нудат голема провизија за да го добијат потписот на младиот голман.
Медиумите пренесуваат дека оваа седмица ќе има состанок помеѓу Милан, агентот и самиот Донарума и ќе биде ставен потпис на нов петгодишен договор.
Сеуште е нејасно дали во новиот договор ќе има откупна клаузула, на која што настојува Раиола бидејќи сака да го пресели голманот во Мадрид или Париз.