Дома Македонски спорт Tалески: Нема алиби за поразот, бараме само трпение

Tалески: Нема алиби за поразот, бараме само трпение

Maкедонија вчера беше надиграна од Шведска која не победи со 12 разлика (32:20), еден од најкритикуваните во нашите редови беше Филип Талески.

Талески не беше на нивото на кое треба да биде и причината за високиот пораз ја гледа во борбеноста.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не треба да бараме изговори и алиби за ова што ни се случи во првиот натпревар. Не се држевме до она што се договоривме, а тоа е да бидеме борбени и да гинеме еден за друг на теренот. Мислам дека во тој дел потфрливме најмногу и целиот исход е резултат на тоа. Шведска ја направи разликата поради нашето лошо враќање, најголем проблем ни беа нивните брзи голови од контри“.

Талески бара трпение од македонската јавност.

„Добро знам дека македонската јавност очекуваше да се прикажеме во најдобро светло, но верувајте и ние сакавме, меѓутоа замислите не успеавме да ги спроведеме на терен. Не барам некакво алиби, но сакам целата јавност да има трпение. Добро започнавме, а после 15 минути како да ни се случи некоја блокада, мозокот даваше команди, но телото не го слушаше. Вчера ни се случи срамен пораз затоа што не се боревме доволно, очекувам и се надевам дека со Египет ќе го поправиме впечатокот“, изјави Талески.

Македонија натпреварот со Египет го игра утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…