Дома Трансфер зона Крај на сагата: Милик се сели во Франција

Крај на сагата: Милик се сели во Франција

Аркадиуш Милик ова лето иако беше на излезна врата сепак остана во Наполи,но во јануари сигурно ќе го напушти клубот.

Полскиот напаѓач влезе во последната година од договорот и не е дел од тимот на Гатузо, па Наполи сака да го продаде во јануари за да заработи на неговото заминување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И самиот Милик сака да ја промени средината бидејќи во Наполи нема воопшто минутажа оваа сезона.

Заинтересираните клубови како Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид се откажаа бидејќи Наполи бара 15 милиони евра за неговата слобода, што е многу за играч кој на лето ќе биде слободен агент.

Во моментов најсилен интерес покажува Марсеј, кој понуди 8 милиони евра, па се чека одговор од Наполи. Милик дал согласност за трансферот и веќе се договорил со францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…