Дома Фудбал Италија Пато му се нуди на Милан: Сонувам да се вратам, ќе бидеме одличен тандем со Ибра

Пато му се нуди на Милан: Сонувам да се вратам, ќе бидеме одличен тандем со Ибра

Бразилскиот напаѓач Алесандре Пато својата фудбалска афирмација ја доживеа во Милан, каде пристигна како еден од најголемите таленти во светот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пато на „Сан Сиро“ помина од 2007 до 2013 година, но неговата кариера тргна во надолна линија поради честите повреди.

31-годишниот напаѓач моментално е без клуб, па сонува повторно да го облече дресот на „росонерите“.

„Имам фантастични сеќавања од Милано, зборуваме за 150 натпревари, 63 гола, едно Скудето и еден Суперкуп. Би било сон да се вратам во Милан, кој уште ми е во срцето“.

„Дали би прифатил да сум заменик на Златан? Да, мислам дека по неколку натпревари би го убедил тренерот Стефано Пиоли дека можеме да бидеме одлични партнери во нападот“, изјави Пато за италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скапо ќе ја плати глупоста: Голманот кој нокаутираше фудбалер во Шпанија доби максимална казна!

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија (RFEF) објави дека голманот н…