Дома Фудбал Италија Пирло направил полн погодок, Киеза против Милан имал посебна задача

Пирло направил полн погодок, Киеза против Милан имал посебна задача

Јувентус вчера со 3:1 го победи Милан во италијанското дерби и така се доближи до врвот во Серија А.

Пирло секако беше задоволен од она што го прикажа неговиот тим, а посебно добар натпревар одигра Федерико Киеза кој постигна два гола. Киеза беше одличен на теренот, Пирло откри и дека имал посебна задача.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ова беше навистина важен триумф за нас, не сме заинтересирани за резултатите на другите тимови, важен ни е нашиот напредок. За неколку месеци ќе видиме каде ќе бидеме. Киеза имаше посебна задача да го држи под притисок Тео Ернандез, барав од него да не му дозволи да го прави она што вообичаено тој го прави напред“, изјави Пирло.

Пирло смета дека при голот на Милан имало фаул над Рабио од Чалханоглу на почетокот од акцијата.

„Имаше фаул и требаше да се досуди. Во продолжение Данило требаше да биде повеќе агресивен, меѓутоа и целиот тим не ни беше добро поставен. Како и да е таа акција започна со фаул“, потенцира стратегот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…