Дома Македонски спорт Тренерот на Мајорка: Верувам дека голот ќе му даде самодоверба на Трајковски

Тренерот на Мајорка: Верувам дека голот ќе му даде самодоверба на Трајковски

Мајорка вчера беше елиминирана од шпанскиот куп од Фуенлабрада, Трајковски беше стартер и ја искористи таа шанса постигнувајќи гол со удар од околу 20-тина метри во 11. минута од мечот.

Натпреварот после регуларните 90 минути и дополнителните 30 се решаваше на пенали (2:2), а таму поуспешна беше Фуенлабрада.

По натпреварот тренерот на Мајорка Луис Гарсија зборуваше за Александар Трајковски.

„Постигна гол и тоа е добро, секогаш кажувам дека oние што играат напред треба да постигнуваат голови. Верувам дека овој гол ќе му даде самодоверба и ќе ни помогне уште повеќе во следните натпревари“, изјави Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Консевич го отвора македонскиот настап во Астана, шестмина борачи чекаат ред

Вероника Консевич денеска се соочува со Нигеријката Адијат Идрис во категоријата до 55 кил…