Дома Фудбал Останато „И Марсовец да се симне ќе види дека ВАР работи за Реал“

„И Марсовец да се симне ќе види дека ВАР работи за Реал“

На 24. овој месец ќе се одржат претседателските избори во Барселона, а еден од кандидатите е и поранешниот претседател на клубот Жоан Лапорт.

Лапорта како и останатите кандидати води борба за да седне на претседателското столче на Барселона и во овој период често дава изјави кои сигурно наидуваат на одобрување од фановите на Каталонците.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега тој тврди дека Реал Мадрид има помош од судиите и ВАР.

„И Марсовец да дојде на земјата ќе сфати дека ВАР работи во корист на Реал Мадрид“, изјави Лапорт.

Лапорт претседател на Барселона беше од 2003 до 2010 година и има големи планови со играчкиот кадар ако се врати на претседателското место.

„Имам свој спортски проекти, имам три кандидати за местото технички директор, сега нема да ги споменувам нивните имиња. Сите менаџери ме бараат, ги знам сите, сакаат повторно да станам претседател. Им кажав дека сега не можам да зборувам за играчите и тренерите“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…