Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне сака да го засили тимот со левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо.
29-годишниот Алонсо во последно време го загуби местото во првиот состав на тимот од „Стемфорд Бриџ“ и извесно е дека ќе си оди, а изгледа дека неговата следна дестинација ќе биде Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот има договор со Челзи до летото 2023 година, но Лампард воопшто не му дава шанса и е спремен да го пушти уште во јануари.
Алонсо наводно веќе се договорил со „јорганџиите“, па останува уште двата клуба да се договорат околу обештетувањето.