Дома Трансфер зона Позната главната трансфер цел на Милан

Позната главната трансфер цел на Милан

Милан одлично ја започна сезоната и се наоѓа на врвот на табелата во Серија А.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ сакаат додатно да го засилат тимот во зимскиот преоден рок, а Малдини веќе работи на нови засилувања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, главна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре.

Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.

Милан има одлични односи со Лил од каде минатото лето го донесе Рафаел Леао за 30 милиони евра, а се претпоставува дека и трансферот на Сумаре ќе чини осто толку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи потврди каде сигурно нема да продолжи

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко е еден од најбараните летово, а неговиот агент отк…