Aко им веруваме на шпанските медиуми младиот фудбалер на Селта, Стефан Бајќетиќ ќе стане нов играч на Ливерпул.
Станува збор за фудбалер кој игра на позицијата стопер и има само 16 години, но веќе голем број клубови го следат неговиот развој. Во овој момент Ливерпул се истакнува како најсериозен кандидат да го доведе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот агент во овој период го завршува договорот околу трансферот и се очекува наскоро се да биде објавено.
Манчестер Јунајтед исто така покажуваше голем интерес, но на крајот Бајќетиќ изгледа ќе заврши во Ливерпул.