Дома Фудбал „Рамос призна дека играше со рака и судиите веќе не знаат што е пенал“

„Рамос призна дека играше со рака и судиите веќе не знаат што е пенал“

Реал вчера го победи Еибар со 3:1 на гости, а после овој натпревар најмногу се зборува за ситуацијата во која Серхио Рамос играше со рака во својот шеснаесетник.

Капитенот на Реал Мадрид очигледно играше со рака, меѓутоа судиите на теренот и оние во ВАР собата одлучија дека ова не е ситуација во која треба да има пенал. После натпреварот тренерот на Еибар, Хозе Луис Мендилибар посочи дека и Рамос признал дека играл со рака.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Јас навистина веќе не знам што е пенал, а што не е. Неделава имаше толку играња со рака и никој не знае кога се досудува пенал. Сега беше одлучено за 20 секунди, обично потребни им се по 2-3 минути за ситуацијата да се види од секој агол“.

„Очигледно дека беше Рамос ја удира топката со рака и самиот го призна тоа. Мислам дека и судиите не знаат кога треба да досудат пенал, ќе го имаме овој проблем цела сезона“, изјави Мендилибар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марота доби „зелено светло“ и тргна во напад: Интер ќе биде на „шпански погон“

Интер со сета сила тргна кон Сеск Фабрегас, а и Шпанецот е заинтересиран да се пресели на …