Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија и Работнички со победи блиску до второ коло во Лига Европа, Пелистер прегазен во Полска

Шкендија и Работнички со победи блиску до второ коло во Лига Европа, Пелистер прегазен во Полска

skendija

Македонските преставници Шкендија, Работнички и Пелистер, во четвртокот, започнаа со својот настап во квалификациите за Лига Европа.

По првите натпревари Шкендија и Работнички веќе можат да размислуваат за противниците во втората рунда, додека Пелистер по убедливиот пораз во Познањ тешко дека може да се надева во чудо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шкендија, во Струмица, го пречека молдавскиот вицепрвак Дачија и победата ја најави уште во раната фаза на натпреварот. Најпрвин Ибраими погоди од пенал во седмата минута, а четири минути подоцна Радески ја зголеми предноста. Истиот играч со својот втор гол во 79.минута стави точка на натпреварот.

Работнички гостуваше во Сан Марио кај тимот на Тре Пене и отпорот на аутсајдерот го скрши во последната минута од мечот кога единствениот гол го постигна Митрев.

Полскиот Лех Познањ го пречека Пелистер и славеше со убедливи 4:0. Домаќинот во интервал од 28. до 38.минута постигна три гола, преку Нилесен од пенал, Ситум и Мајевски, а во 57.минута Ситум со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Реванш натпреварите на програмата се за една недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…