Дома Трансфер зона Клоп и Гвардиола се „тепаат“ за Адама Траоре

Клоп и Гвардиола се „тепаат“ за Адама Траоре

Шпанскиот репрезентативец Адама Траоре е спремен да го напушти Вулверхемптон, тврдат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


24-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Минатото лето за него понуди испратија Јувентус и Манчестер Јунајтед, на Шпанецот сепак реши да му остане верен на „волците“.

Траоре не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во неговиот клуб, па е спремен наскоро да ја промени средината.

Покрај споменатите клубови интерес за неговиот потпис покажуваат уште Манчестер Сити и Ливерпул, кои важат како фаворити за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…