Јувентус ќе се обиде да го донесе дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Французинот оваа сезона нема одиграно ниту една минута и Каталонците се спремни да го продадат со цел да се ослободат од неговата плата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона за слободата на Умтити бара само 15 милиони евра, па Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Французинот во своите редови.
„Бјанконерите“ веруваат дека Умтити ќе биде идеален наследник на Киелини, кој ја игра последната сезона во кариерата.
27-годишниот Французин изминатите две сезони имаше проблем со повредите, но во Јувентус веруваат дека ќе биде добра инвестиција и дека може да игра на високо ниво уште неколку сезони.