Дома Трансфер зона Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Реал Мадрид се вклучи во трката за потписот на играчот за врска на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум.

Договорот на 30-годишниот Холанѓанец со „црвените“ истекува на крајот на сезоната и двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Вајналдум веќе во јануари може да потпише преддоговор со друг клуб, а интерес за него покрај Реал Мадрид покажуваат уште Барселона и Интер.

Клубот од „Енфилд“ ќе направи се за да го задржи играчот во своите редови и му понудил 3-годишен договор со значително зголемување на платата.

Во следните два месеци Вајналдум треба да одлучи дали ќе стави потпис на нов договор со Ливерпул или сепак ќе ја промени средината идното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…