Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола утре ќе го запише својот 700 натпревар како тренер во кариерата.
По тој повод Гвардиола изјави дека се надева дека ќе запише уште толку натпревари, пред да се пензионира.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„700 меча! Ќе направам уште 700 и ќе се пензионирам. Никогаш не сум го очекувал овој јубилеј. Им благодарам на сите членови на штабовите со кои работевме заедно во Барселона, Баерн и тука во Сити. Со нив направивме неверојатни нешта заедно и ќе продолжиме да го правиме во иднина“, изјави Гвардиола.
Гвардиола потврди дека Серхио Агуеро се уште не е спремен за игра и ќе го пропушти и дуелот со Фулам.