Дома Фудбал Германија Шок за Дортмунд: За Халанд годината е завршена!

Шок за Дортмунд: За Халанд годината е завршена!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд играат на домашен терен против Лацио во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пред самиот старт на мечот беше соопштено дека нема да игра најдобриот фудбалер на „милионерите“, Ерлинг Халанд.

Од Дортмунд беше соопштено дека Халанд е повреден и според првите информации од Германија, тој ќе паузира до крајот на годината.

Норвежанецот го повредил бутниот мускул на последниот тренинг и ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.

Ова е голем удар за „милионерите“, бидејќи 20-годишниот Халанд постигна 17 гола во 14 меча оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Официјално: Ангеловски повторно е селектор!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, се враќа в…