Дома Фудбал Италија Алвеш на емотивен начин се прости од фановите на Јувентус!

Алвеш на емотивен начин се прости од фановите на Јувентус!

Дани Алвеш одигра одлична сезона во Јувентус, но потоа ги разочара фановите, го нападна клубот, па раководството спогодбено го раскина договорот со Бразилецот.

Поради тоа Дани Алвеш веднаш беше нападнат од фановите кои го обвинија дека игра фудбал само за пари, па Бразилецот се огласи и преку емотивно писмо им се извини на фановите.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Јувентус на исклучителната поддршка која ја имав целата сезона, и до своите соиграчи затоа што ме дочекаа фантастично. Секогаш го почитувам клубот во кој настапувам, а и тамошните навивачи“.

„Им се извинувам на навивачите ако сторив нешто лошо или навредливо. Мојата намера никогаш не е лоша. Некогаш во животот е време за простување, и јас тоа баш не го сакам. Но сакам на сите да им кажам дека јас никогаш не играм фудбал за пари“, истакна Дани Алвеш.

Алвеш после раскинувањето на договорот со „старата дама“ е пред потпис во Манчестер Сити каде повторно ќе соработува со Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…