Дома Македонски спорт Мак фудбал Цветановски и Петковски донесоа победа за Вардар против Академија Пандев ?

Цветановски и Петковски донесоа победа за Вардар против Академија Пандев ?

Во денешниот натпревар од првата македонска фудбалска лига Вардар запиша победа против Академија Пандев со 2:0.

Првото полувреме не донесе премногу шанси, скоро и да немаше 100% шанса на двете страни. Двата гола Вардар ги постигна во вториот дел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Преку Цветановски црвено-црните дојдоа до предност во 53. минута. Потоа Попзлатанов пропушти една огромна на прилика откако пресече топка на средината на теренот. Тој излезе еден на еден со голманот Алчевски, меѓутоа не одигра баш најдобро и не реализираше.

Претходно „пандевци“ промашија и пенал, а во финишот од мечот останаа и со играч помалку. На шест минути пред крајот Петковски со глава ги постави конечните 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…