Дома Фудбал Италија Ова е понудата од Интер, но Хрватот не сака ниту да слушне!

Ова е понудата од Интер, но Хрватот не сака ниту да слушне!

Тој го кажа своето, Интер во „тесно“…

Иван Перишиќ ја одби понудата од Интер за продолжување на договорот. Имено, Италијанците се обидуваат да го завдржат хрватскиот фудбалер, па му понудија плата од пет милиони евра по сезона. Тоа значи дека Перишиќ заедно со Мауро Икарди би бил најплатен во редовите на „нероаѕурите“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од друга страна, Спалети инсистира да остане, Мурињо го сака во Јунајтед, но од Јунајтед немаат намера да платат 50 милиони евра колку што бара Интер.

Нивната понуда изнесува помеѓу 35 и 40 милиони евра што не е довона да ги задоволи апетитите на англискиот клуб.

Јунајтед има време, играчот одлучи, на Интер му се брза. Италијанците мораат да продадат некого во наредните неколку дена за да го испочитуваат финансискиот фер плеј.

Минатата година не можеаа да регистираат одреден број на играчи за Лигата на Европа токму поради санкцијата од УЕФА. Наредната нема ниту да играат во Европа, но би можеле да добијат едногодишна суспензија и парична казна, што би ги спречило да се натпреваруваат во Лигата на шампионите ако наредната сезона бидат помеѓу најдобрите четири во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Не можете да му судите на Мбапе за промашување на пенал

Ливерпул го победи Реал Мадрид со 2:0 на „Енфилд“ во петтото коло од Лигата на шампионите.…