Англиските медиуми објавија дека Езгјан Алиоски до Нова Година ќе потпише нов договор со Лидс.
Според најавите Лидс на Алиоски му доставил понуда за соработка на четири години со плата од 30.000 фунти неделно што значи дека Џани на годишно ниво ќе добива 1.5 милиони фунти. Актуелниот договор на Алиоски истекува на лето па затоа Лидс сака да се обезбеди дека македонскиот фудбалер ќе остане на подолг период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На „Иланд роуд“ не сакаат да се доведат во ситуација Алиоски да може во јануари да потпише преддоговор со некој друг клуб, па на лето да си замине без оштета.
Одлуката за продолжување на договорот е очекувана затоа што Алиоски од 2017 година од кога дојде во Лидс одигра повеќе од 100 натпревари, а клубот летово после деценија ипол се врати во Премиер лигата.