Иако има 39 години, Ибрахимовиќ е прв стрелец во Серија А со десет погодоци.
Враќањето во Милан се покажа како вистински потег, а неговиот менаџер Раиола откри кој е клубот кој беше најголема грешка на Швеѓанецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се работи за американскиот ЛА Галакси каде популарниот Ибра помина две години.
„Замина таму бидејќи сакаше да живее во Лос Анџелес со семејството. Играчки, тоа беше катастрофа. Златан секогаш сака да победува, без разлика дали во прашање е фудбал или видео игри. Неговите соиграчи во тој клуб не беа со тој менталитет, односно ја немаа таа желба за победа.“ – рече Раиола.
Тој додаде дека Ибра поставува стандарди каде и да игра, а најнов пример е Милан кој се врати на врвот на табелата.