Дома Фудбал Ленгле: Мислам дека можеме да ја освоиме Ла Лига

Ленгле: Мислам дека можеме да ја освоиме Ла Лига

Ова да го изјавеше дефанзивецот на Барселона пред неколку недели, можеби ќе беше нормално и логично, но неговата денешна изјава делува како нешто во што и самиот не верува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона моментално е на 12. позиција на табелата со освоени 11 бода и има 12 бода помалку во однос на лидерот Реал Сосиедад. Според многумина титулата е веќе невозможна мисија, но Ленгле и натаму верува дека е можно да се освои.

„Да, мислам дека Ла Лига може да се освои. Има многу натпревари и бодови и се е можно. Ако сега се откажеме, тоа нема да биде професионално. Мора да се бориме.“ – рече Ленгле.

Пред Барселона е гостувањето во Украина кај Динамо во ЛШ и тоа без Лео Меси и Де Јонг.

„Тоа е важен натпревар. Сакаме да продолжиме со победите во ЛШ, да ја вратиме самодовербата и да се пласираме во осминафиналето.“ – додаде Ленгле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантна изјава: Рафиња се моли да замине од Барселона, има големи финансиски проблеми (Видео)

Бразилецот Рафиња (29) се соочува со поголеми предизвици отколку што е повредата која ќе г…