Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри во интервју за „Скај Спорт“ зборуваше за финалето од Лигата на шампиони.
„Старата дама“ беше прегазена во финалето од „кралевите“ со 4:1, а Алегри ја откри причината за дебаклот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Планот беше да поведеме до крајот на полувремето или барем во првите 60 минути. Пред две години во полуфинале го елиминиравме Реал, но тогаш имав комплетно поинаков тим и имав на располагање многу повеќе опции во нападот отколку оваа сезона“, истакна Алегри.
„Не можев да предвидам дека ќе се повреди Марко Пјаца, па немав играчи за ротација и во нападот постојано играа истите четворица. Бидејќи го немав Пјаца морав цела тежина да ја префрлам на останатите четворица во нападот, а некои од нив ја платија цената. Во мечот тргнавме со една тактика, потоа ритамот го зеде данокот и морав да менувам, што се покажа како кобно“, заклучи италијанскиот стратег.