Иако првично одби да потпише нов договор со Милан, што предизвика „земјотрес“ во Италија, сепак ситуацијата во последните денови се промени, па Донарума можно е да го продолжи договорот со „росонерите“.
Донарума и неговиот агент Мино Раиола потврдија дека по завршувањето на Европското првенство ќе седнат на преговори со раководството на Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на „росонерите“ Винченцо Монтела истакна дека Донарума заслужува да биде чекан и се надева дека на крајот ситуацијата ќе се реши во корист на Милан.
„Имам добар однос со неговото семејство. Тие се едноставни луѓе кои ги имаат сите животни вредности. Ме повикаа на кафе и прифатив со задоволство. Што се однесува со иднината на Донарума мислам дека таа не зависи од Милан или до мене“.
„Џиџо ги разгледува работите заедно со луѓето кои му се блиски и има право на тоа. Тој заслужува да го чекаме и се надеваме дека ќе го избере Милан. Ние сме спремни да го чекаме, голманот е еден од најважните делови на тимот“, истакна Монтела.