Кристијан Ериксен на почетокот на оваа година пристигна како големо засилување во редовите на Интер.
Од Данецот очекувањата беа големи, но се уште Ериксен не ги исполнил очекувањата. Ериксен не е баш во најдобри односи со Антонио Конте затоа што не е задоволен од минутажата која ја добива откако дојде во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако дојде на почетокот на 2020 после само една година би можел да ја промени средината.
Медиумите во Италија пишуваат дека Интер ги разгледува понудите за Ериксен, а во игра наводно се три клуба. Интересно е дека сите клубови понудиле размена. Арсенал го понудил Гранит Џака, Манчестер Јунајтед Фред, додека ПСЖ во Милано би можел д аго испрати Леандро Пардес. Според она што се пишува на Интер најмногу би му одоварала размена за Пардес.