Иднината на Златан Ибрахимовиќ сеуште е главна тема во светските медиуми, особено поради фактот што Швеѓанецот е слободен агент.
Манчестер Јунајтед одлучи да не му го продолжи договорот после тешката повреда во април, па Ибрахимовиќ моментално е слободен агент и може да потпише за било кој клуб.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Иако наскоро ќе полни 36 години, сепак инетресот за голгетерот е огромен, а последен во низата клубови е и Атлетико Мадрид на Диего Симеоне.
„Јорганџиите“ не смеат да ги регистираат нови засилувања до јануари 2018, а Ибра ќе мора да се рехабилитира од повредата до ноември, па ова би изгледало како одлична комбинација.
Симеоне сака да го види контроверзниот напаѓач во своите редови, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на Ибра.