Дома Топ вести „Бомба“ Милан: Ѕвездата на Леверкузен на чекор од „Сан Сиро“

„Бомба“ Милан: Ѕвездата на Леверкузен на чекор од „Сан Сиро“

Германскиот весник „Спорт Билд“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека ѕвездата на Леверкузен, Хакан Чалканоглу е пред трансфер во Милан.

Милан е еден од најактивните клубови во летниот трансфер период, но до сега не беше поврзуван со турскиот репрезентативец, па поради тоа оваа вест е изненадувачка.

„Билд“, кој е секогаш добро информиран тврди дека „росонерите“ веќе имаат комплетен договор со Чалканоглу и сега преговораат со Леверкузен околу обештетувањето.

Весникот тврди дека трансферот би можел да биде комплетиран во следните денови за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.

23-годишниот плејмејкер е еден од најдобрите фудбалери во Бундес лигата, па сигурно ќе биде огромно засилување за „росонерите“ доколку пристигне на „Сан Сиро“.

„Постојат контакти со Милан, тоа е еден од најголемите клубови во светот, но не сакам да откривам ништо повеќе“, потврди агентот на Чалканоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…