Јувентус и понатаму е тивок на трансфер пазарот, но раководството веќе работи на новите засилувања, и ова лето ќе направи значајни промени на тимот.
После заминувањето на Дани Алвеш, сигурно ќе биде продаден и Алекс Сандро. Челзи за Бразилецот нуди 65 милиони евра, тој самиот инсистира да се пресели на „Стенфорд Бриџ“, па само прашање на време е кога трансферот ќе биде реализиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа значи дека „бјанконерите“ ќе мораат да купат два бека во овој преоден рок, а мети се двајцата репрезентативци – Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед и Матија де Шиљо од Милан.
Што се однесува до другите делови од тимот, Јувентус сака да донесе еден врвен играч за врска. Имаат договор со Нзонзи, но Севиља не попушта и сака 40 милиони евра. Поради тоа „бјанконерите“ се свртија кон Матуиди од ПСЖ кој влегува во последната година од договорот и е многу поефитин.
Проблем за Јувентус е што има место да регистрира само уште еден играч надвор од ЕУ, после регистрирањето на Бентакур, а тоа најверојатно ќе биде Даглас Коста.
Покрај Бразилецот, Јувентус сака да го купи и Бернардески, што ќе значи дека нема да има простор за Квадрадо кој најверојатно ќе биде продаден ова лето.
Во нападот веќе пристигна Патрик Шик кој ќе биде замена за Игуаин, а „старата дама“ сака да го донесе и Спинацола од Аталанта кој може да игра и како крило и како лев бек.
Вака би требало да изгледа Јувентус следната сезона:
Буфон
Де Шиљо, Бонучи, Киелини (Ругани), Дармијан
Пјаниќ (Маркизио), Матуиди (Кедира)
Бернардески, Дибала, Даглас Коста (Манџукиќ)
Игуаин (Шик)