Угледниот шпански весник „Марка“ го избра нашиот репрезентативец Енис Барди за најдобар странец во 111 годишната историја на Леванте.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барди, кој поради повреда не можеше да игра во историскиот меч против Грузија, веќе неколку сезони блеска во дресот на Леванте.
Леванте веќе стигна до 100-от јубилеен меч за Леванте, а веќе е најдобриот стрелец странец во историјата на клубот.
„Откако дојде во клубот во летото 2017 година, Барди се промовираше како најдобар стрелец-странец во клубот со 19 гола, кои ги постигна во овој период, а ова му е четврта сезона во клубот. Го мина Мустафа Рига, кој досега беше рекордер со 17 гола. Предминатата недела стигна до 100 меча во дресот на Леванте и тој е само деветиот играч кој успеал да стигне до троцифрен број на настапи во најсилната лига“, пишува „Марка“.
