Дома Фудбал „Бејл сега е поинаква личност, повторно се заљуби во фудбалот“

„Бејл сега е поинаква личност, повторно се заљуби во фудбалот“

Во рамките од Лигата на Нации репрезентацијата на Велс ќе ги одмери силите со Република Ирска.

За Велс во овој натпревар би требало да игра нивниот најдобар играч, Герет Бејл кој ако му веруваме на нивниот селектор Роберт Пуг повторно ужива во фудбалот.

„Сега е нова личност. Изгледа дека повторно се заљуби во фудбалот. Игра во клуб во кој тренерот го сака и почитува, ужива на тренинзите и времето кое го поминува на теренот“.

„Очигледно во Тотенхем се спремил да игра цел натпревар со висок интезитет како и што се очекува од него. Дури и на теренинзите е импресивен, накратко кажано повторно ужива. Се надеваме дека таквата енергија ќе ја пренесе и во натпреварот“, изјави Пуг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пери шиќ повторно кај Гатузо? Годините се пречка за трансфер во Лацио

Лацио бара засилување на крилните позиции, но според италијанските медиуми Гатузо не е убе…