Сапуницата на релација Донарума/Раила – Милан, никако да заврши.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако во текот на вчерашниот ден светските медиуми пренесуваа дека младиот голман Џанлуиџи Донарума одлучил да застане на страната на Милан и да му даде отказ на Мино Раиола доколку агентот не започне нови преговори со Милан, денес Донарума официјално се огласи преку својот Твитер профил.
Имено тој на својот профил со хаштаг ги означи неговото и името на Раиола, а под нив напиша: Вчера, денес и утре.
Со тоа Донарума стави до знаење дека соработката помеѓу него и Раиола ќе продолжи и во иднина.
