Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Израел не е важен, најважно е како Македонија ќе изгледа на теренот

Милевски: Израел не е важен, најважно е како Македонија ќе изгледа на теренот

Младинската репрезентација на Македонија ги завршува квалификациите за Европското првенство. До крајот на квалификациите ни остануваат уште две средби.

Првата ја играме на 12. ноември против Израел на Гости, а последниот дуел е против Црна Гора дома.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Вчера селекторот на селекцијата до 21 година Благоја Милевски го одржа првиот тренинг.

„Како и на секој натпревар до сега ќе излеземе за да го дадеме максимумот. Нема да бидам задоволен ако не ги одиграме овие два натпревари добро. Важна е играта, но сакаме и поволен резултат. Ако играме на препознатливото ниво сигурен сум дека ќе дојдеме до победа. Израел не е важен, важно е како ние ќе изгледаме на теренот“, изјави Милевски.

Македонија во квалификациите има четири победи, две нерешени и два пораз и со тоа сме второпласирани зад лидерот Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…