Дома Македонски спорт Мак ракомет Проблем за Брестовац: Останавме без Манасков пред Швајцарија!

Проблем за Брестовац: Останавме без Манасков пред Швајцарија!

Ракометната репрезентација на Македонија се соочи со проблем пред дуелот со Швајцарија.

Данило Брестовац за натпреварот против Швајцарија не ќе може да смета на Дејан Манасков. Причината поради која Манасков не отпатува за Швајцарија е немањето можност да направи тест за коронавирусот кој му е неопходен за враќање во Веспрем. Унгарците се строги со правилата за коронавирусот, па ако Манасков нема ПЦР тест ќе мора да оди во 14 дневен карантин што би било проблем за Веспрем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради ова тој остана во Скопје каде што ќе направи тест и ќе оди за Унгарија. Брестовац на таа позоција сега го има Бојан Маџовски кој прикажа солиден настап со Финците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…