Дома Ракомет Maкедонија отпатува за Швајцарија, отпадна уште еден член поради Ковид-19

Maкедонија отпатува за Швајцарија, отпадна уште еден член поради Ковид-19

Ракометната репрезентација на Македонија денес ќе патува за Шавхаузен каде што ќе игра натпревар против селекцијата на Швајцарија.

Пред натпреварот сите ракометари имаа негативни резултати, но беше откриен уште еден случај во стручниот штаб.

Како што е познато претходно од селекцијата отпаднаа Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски. Од стручниот штаб позитивни се Александар Царчев, Радослав Стојановиќ и Никола Маталиевски.

Македонија утре ќе игра против Швајцарија од 18:30 часот и ова ќе биде втор натпревар за двете репрезентации во овие квалифкации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија на испит во Грција: Соседски дуел во трката за ЕП 2028

Македонските ракометари во недела од 16 часот гостуваат кај Грција во второто квалификацис…