Дома Фудбал Останато ПСЖ започна преговори со Алегри

ПСЖ започна преговори со Алегри

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри после една година одмор е спремен да му се врати на фудбалот.

Алегри минатото лето спогодбено го раскина договорот со Јувентус и одби многу побуди бидејќи сакаше да се одмори една година, но сега е спремен да се врати.

Италијанските медиуми тврдат дека стигнала понуда од Пари Сент Жермен. Спортскиот директор Леонардо сака да го донесе Италијанецот во Париз бидејќи не е задоволен од работата на Томас Тухел.

После поразот од Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони настанала расправија помеѓу Тухел и Леонардо, па наскоро би можел Алегри да седне на кормилото на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал го чува триото незаменливи ѕвезди

Фудбалскиот клуб Арсенал нема никаква пауза, а спортскиот директор Андреа Берта започна пр…