Aмерикнскиот кошаркар Стеф Кари не се наигра многу во последно време поради проблемите со повредите.
Кари на почетокот на март се врати на паркетот после тешката повреда, но набрзо потоа сезоната се прекина поради ситуацијата со коронавирусот. Тој ја пропушти скоро цела сезона, меѓутоа сега се враќа и изгледа дека е во одлична физичка форма. Кари во перидот кој не беше на паркетот поминал многу време во теретана. Тоа може да се забележи по неговиот физички изглед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој објави фотографија и зачуди многумина од тоа како изгледа сега. Навистина трансформацијата е очигледна, паузата ја искористил да направи вистинска машина од себе.